Судот во Каиро ја прифати жалбата на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак против казната доживотен затвор за неговата улога во убиството на околу 900 анти-владини демонстранти во 2011 година. Судот нареди процесот против Мубарак да се повтори. Повторно судење ќе има и за поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли, кој исто така е осуден на доживотен затвор за слични обвиненија.