Авганистанскиот претседател Карзаи ја напушта функцијата во 2014

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека ќе ја напушти функцијата наредната година на крајот од неговиот втор мандат. Карзаи кој ја водеше авганистанската влада поддржана од САД повеќе од една деценија ја соопшти одлуката по средбата со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Според Карзаи едно од најголемите достигнувања ќе биде одржувањето на слободни избори на кои граѓаните ќе можат да го изберат наредниот претседател на Авганистан.