Протести на шиитските муслимани во Пакистан

Околу илјада пакистански шиитски муслимани втор ден протестираат во југозападниот дел на земјата, при што ги блокираат главните патишта со телата на жртвите од бомбашките напади од пред неколку дена. Демонстраните кои ги болкираа автопатиштата со околу 50 ковчези бараат од владата подобра безбедност во земјата.
Според нив, безбедносните сили се одговорни за бомбашките напади во едно шиитско маало, при кои загинаа околу 80 лица.