ВМРО ДПМНЕ треба да се изјасни по барањата на СДСМ

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска, според најавите, треба да оствари средба по која се очекува да го каже конечниот став по барањата со кои лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски го условува учеството на опозицијата на локалните избори.
СДСМ бара покрај локалните избори да се одржат и парламентарни избори. Оваа партија постави неколку услови, меѓу кои се, се смена на министрите за правда, за внатрешни работи и за финансии, како и на директорот на МРТВ.