Исчезнати згради во Авганистан

Џон Сопко

Американскиот специјален инспектор за обновата на Авганистан Џон Сопко изјави дека немало неколку згради за кои се мислело дека биле изградени. Тој како причини за тоа ги наведе корупцијата, несоодветното планирање и лошата безбедност во таа земја. Сопко додаде дека Соединетите држави ризикуваат да загубат милијарди долари доколку агенциите кои се вклучени во обновата не поднесат детални извештаи за нивната работа. Според него, Вашингтон троши околу 28 милиони долари на ден обнова и изградба на Авганистан.