Мали бара помош од Франција и ОН

Владата на западноафриканската земја Мали побара од Франција и Обединетите нации да помогнат во запирањето на напредувањето на исламистичките бунтовници. Советот за безбедност на ОН на итна седница заклучи дека ситуацијата во Мали претставува директна закана за меѓународниот мир. Во изјавата се изразува загриженост за неодамнешното освојување на градот Кона од страна на исламистите.