Договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров

Реформата „плаќање по учинок“ во здравството да се спроведува при формирање на висината на платите, а лекарите специјалисти ќе добијат зголемување на платите од 19,2 проценти во период од 15 месеци. Тоа е утврдено во анексот на Колективниот договор што го потпишаа доцна синоќа министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, со што е постигнат договор за надминување на состојбите по неодамнешниот штрајк на лекарите. Според договореното, учинокот ќе се пресметува на секои три месеци, а воведен е и администратор кој ќе го врши целокупниот внес на интервенции за да не се оптоварува здравствениот работник со административни работи.