Експлозии на бомби пред домови на грчки новинари

илустрација

Рачно изработени експлозивни направи беа активирани пред куќи на петмина новинари во Грција, јави грчката агенција АНА-МПА, додавајќи дека експлозија имало и пред домот на директорот на оваа агенција Андонис Скилакос. Полицијата засега не ги идентификува напаѓачите. Првата експлозија била во 3.40 утрово по локално време, а другите во временски интервал од по неколку минуни подоцна. Нема жртви во нападите.