Во Србија запленета марихуана, приведен возач од Македонија

илустрација

Српски цариници синоќа на граничниот премин Батровци на излез од таа држава кон Хрватска, во камион со македонски регистерски таблички заплениле повеќе од 900 килограми марихуана наменета за Западна Европа. Возачот на камионот, 28 годишен Македонец бил приведен, откако дрогата била пронајдена во неговиот камион со кој пренесувал кујни, кујнски елементи и бела техника.