Неколку експлозии во Загреб, едно лице повредено

Во Загреб синоќа одекнале повеќе експлозии. Едно лице биле повредено, но, како што јавуваат хрватските медиуми, било надвор од животна опасност. На полноќ експлодирала бомба во дел од градот кој се нарекува Стењевац, а потоа одекнале уште три детонации. Експлозиите се случиле во близина на автобуската станица, а набрзо на социјалните мрежи се проширила вест дека експлодирала бомба и на железничката станица, но набрзо од полицијата тоа е демантирано.