Нимиц на средби со државниот врв во Скопје

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН за прашањето за името Метју Нимиц денеска ќе престојува во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Засега се закажани средбите со Министерот за надворешни работи, Никола Поповски и со шефот на државата, Ѓорге Иванов, за претпладнево, но најавена е и средба со премиерот Груевски.