Кинескиот министер за одбрана во Македонија

Во посета на Република Македонија денеска ќе престојува министерот за одбрана на НР Кина, Лианг Гунагли.Тој ќе има средба со неговиот македонски колега Фатмир Бесими на која ќе се разговара за билатералните односи во областа на одбраната.
Ова е прва посета на министер за одбрана на НР Кина на Македонија.