Карзаи на средба со Обама

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон на разговори околу иднината на Авганистан и бројот на трупите што ќе останат во Авганистан по планираното повлекување на странските сили до крајот на 2014. По вчерашната средба на Карзаи со американскиот секретар за одбрана Леон Панета, тој рече дека САД и Авганистан дошле до последната точка од мисијата за оспособување на Авганистан да се грижи сам за сопствената безбедност.