Линколн со 12 номинации за Оскар

Актерот Даниел Деј-Луис во улогата на Абрахам Линколн.

Претседателската драма „Линколн“ има најмногу номинации за Оскар - дури 12, меѓу кои и за најдобар филм. По него е филмот „Животот на Пи“ кој е номиниран во 11 категории. И овој филм исто така е номиниран е кандидат за наградата за најдобро филмско остварување. За најдобар филм се номинирани уште седум филмови. Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари.