Драги - Постепено закрепнување на еврозоната кон крајот на годинава

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

Европската централна банка соопшти дека очекува економијата во еврозоната постепено да почне да закрепнува кон крајот на 2013 година и дека веќе се гледаат знаци на економска стабилизација. Претседателот на Банката Марио Драги ова го соопшти денеска откако Банката едногласно одлучи да ги одржи каматите на рекордно ниското ниво од 0,75 отсто. Драги рече дека инфлацијата се движи во посакуваните рамки и дека се очекува да падне под два отсто во 2013 година. Тој рече дека очекува економијата во еврозоната да паѓа во првата половина од годинава, а економската активност да почне да се зголемува кон крајот на годинава.