Нимиц пристигна во Македонија

Архивска фотографија.

Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц, попладнево пристигна во Македонија. Се очекува тој утре на средби со македонскиот државен врв да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа вчера го направи во Атина.

Засега официјално е најавена само средбата утре изутрина со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а дополнително се очекува да се соопшти и агендата за средби со шефот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Нимиц во Грција се сретна со премиерот Андонис Самарас и со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.