Јункер - Овој месец нема да има спасувачки план за Кипар

Претседателот на Еврогрупата и премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер смета дека е потребно повеќе време за спасувачкиот план за Кипар, кој не се очекува да биде договорен овој месец.

„Мислам дека нема да бидам во состојба да најдам решение овој месец, туку ќе биде потребно повеќе време“, изјави Јункер пред Европскиот парламент.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која се очекува утре на Кипар да учествува на конгресот на Европската народна партија, вчера истакна дека нема да има специјални услови за спас на Кипар, бидејќи истите правила важат за сите.

Истовремено, владините партнери на Меркел изразија сериозни сомневања за тоа доколку е можно германскиот Парламент да одобри спасувачки пакет за Кипар.