Седуммина ранети во експлозија на автомобил во Тел Авив

Илустрација.

Најмалку седум луѓе се ранети во експлозија на автомобил во Тел Авив во близина на израелското министерство за одбрана. Портпаролот на израелската полиција изјави дека „има голема веројатност“ експлозијата да е поврзана со криминал, но не можеше дефинитивно да исклучи вмешаност на палестинските милитанти.