Опозицијата в сабота на Марш за вистината пред Сител и пред МТВ

Архивска фотографија: Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата в сабота ќе организира „Марш за вистината“, под мотото „Отпор против режимските лаги“, кој ќе почне напладне пред платото спроти телевизијата Сител, па ќе продолжи покрај Владата, Собранието и ќе заврши пред зградата на МРТВ, информира секретарот на СДСМ Андреј Петров. Основна цел на маршот е да се пружи отпор против, како што рече, газењето на слободата на медиумите и говорот.