Најмалку 11 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Куета.

Најмалку 11 луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на бомба на плоштад во градот Куета во југозападен Пакистан. Експлозијата се случила во близина на паравоен контролен пункт. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Куета е главен град на провинцијата Балучистан. Балучките националисти со децении бараат поголема автономија и поголем профит од природните ресурси на провинцијата. Во последно време се зголемува бројот на напади во провинцијата, кои најчесто ги извршуваат милитантното движење Лашкар-е-Јангави и балучките бунтовници.