Изгласана доверба на премирот Јанез Јанша

Советот на словенечката Демократска партија синоќа изгласа доверба на претседателот на партијата и премиерот Јанез Јанша. Антикорупциската комисија го обвини Јанша дека не го пријавил сиот свој имот, како што тоа го налага законот. За доверба на претседателот на партијата на тајно гласање од 280 членови на советот само четворица гласаа против. Со тоа партијата донесе одлука дека нема да се формира техничка влада што е едно од можните решенија за политичката криза во земјата. Јанша доби поддршка и од советот на партијата Позитивна Словенија и нејзиниот лидер Зоран јанковиќ кој исто така е обвинет од антикорупциската комисија за непријавен имот. Тој изјави дека не е криминалец и дека од комисијата ќе бара да приложи докази за обвинувањето.