Кривични пријави за 16 луѓе за шверц на дрога во Европа

Кривични пријави против 16 луѓе, а против четворица сè уште се трага. Ова е епилогот од вчерашните апсења во Македонија, како продолжение на полициската акција „Диригент“, која македонската полиција ја спроведува заедно со австриските и германските колеги. Против уапсените ќе бидат поднесени кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тие се сомничат дека организирале транспорт и продажба на дрога во главниот град на Австрија, Виена.