Малики - Анти-владините демонстранти создаваат хаос

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ги обвини анти-владините демонстранти за злоупотреба на нивните слободи и за создавање хаос. Повеќе од две недели во подрачјата доминантно населени со сунити се одржуваат анти-владини протести што предизвикува пречки во транспортот. Демонстрантите сметаат дека доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики врши прогон против сунитите. Тие бараат ослободување затвореници и промени во анти-терористичките закони. Премиерот рече дека ќе се разгледаат барањата на демонстрантите, кои повремено ги блокираат и автопатите кон Јордан и кон Сирија.