Српскиот државен врв утврдува стратегија за Косово

Владата на Србија денеска одржува заеднички состанок со претседателот на државата Томислав Николиќ во врска со платформата за Косово. Платформата, во вид на резолуција, потоа ќе биде доставена на усвојување во Парламентот, кој за неа би расправал во петок. Претседателот Николиќ изјави деновиве дека со платформата би се утврдиле црвените линии на Србија во врска со Косово.