Клинтон ќе сведочи за нападот во Бенгази

Хилари Клинтон

Американската државна секретарка Хилари Клинтон на 22 јануари ќе сведочи за смртоносниот напад на американскиот конзулат во Либија кој се случи на 11 септември минатата година. Ова го најави водачот на американските републиканци во комитетот за меѓународни односи во Сенатот, Боб Коркер за една телевизиска куќа, иако се уште нема официјална потврда.
Клинтон ќе сведочи ден после инаугурацијата на претседателот Барак Обама и првиот ден откако по двенеделна пауза ќе заседава Сенатот. Државната секретарка требаше да сведочи минатиот месец, но сведочењето беше одложено поради здравствените проблеми на Клинтон. Таа пред два дена се врати на работа и вети дека ќе се појави пред комитетот пред истекот на нејзиниот мандат.
Обама го именува сенаторот Џон Кеи за нов државен секетар на САД.