Доживотна казна за киднаперот од Алжир

Алжирскиот суд му изрече доживотна казна на човекот кој во 2003 година во Сахара киднапираше 15 европски туристи. Амар Гарбиа е уапсен заедно со соучесникот, државјанин на Мали, кој е осуден на седум години затвор поради припадност на терористичка група. И двајцата биле членови на Салафистичката група за борба која подоцна се трансформираше во Ал Каеда на исламскиот Магреб.
Оваа група се уште е активна во Алжир и Мали.
Кинднапирањето на странците го наредил познатиот терорист Амар Саифи.
Сите се ослободени, освен една Германка која умрела додека била во заложништво.