Депардје амбасадор на црногорската култура

Жерард Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје ќе биде амбасадор на црногорската култура, соопштено е по неговата средба со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Подгорица. Ѓукановиќ истакна дека тоа што Депардје ќе биде амбасадор на црногорската култура ќе придонесе за натамошна промоција на земјата на меѓународна сцена.
Францускиот глумец изјави дека не побегнал од Франција, каде вчера не се појави пред судот поради обвинението дека возел скутер во алкохолизирана состојба, туку неговата посета на Црна Гора била претходно најавена.
Депардје стана центар на вниманието откако се откажа од француското државјанство, лут на критиките откако се спротивстави на предлог-законот за воведување данок од 75 насто за најбогатите Французи. Глумецот во меѓувреме доби руски пасош.