Провладини контра-протести во Ирак

Провладини протести во Басра.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во доминантно шиитските делови на Ирак во знак на поддршка на владата, откако повеќе од две недели во регионите каде што сунитите се мнозинство се одржуваат анти-владини протести. Денеска имаше протести во неколку градови меѓу кои и во Басра и во светиот град Карбала. Демонстрантите ја осудуваат наводната вмешаност на други држави од Блискиот Исток во анти-владините протести.

Во меѓувреме, неколку сунитски и курдски министри ја бојкотираа денешната владина седница во знак на поддршка на анти-владините демонстранти.

Сунитите сметаат дека доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики ги дискриминира.