ОН - Еден милион Сиријци гладуваат

Илустрација: Помош во храна за Сирија.

ОН соопштија дека еден милион Сиријци се во очајна потреба од помош во храна, најголемиот дел од нив во конфликтните подрачја, поради ограничувањата за дистрибуција на помош од сиријската влада. Портпаролката на Светската програма за храна Елизабет Бирс рече дека тие им делат оброци на околу 1,5 милиони луѓе во Сирија секој месец, но оти се проценува дека таква помош им е потребна на околу 2,5 милиони луѓе. Само неколку хуманитарни агенции се овластени за дистрибуирање хуманитарна помош во Сирија. ОН проценуваат дека во 21-месечниот конфликт во Сирија досега загинале над 60 илјади луѓе, а околу 600 илјади луѓе се евидентирани како бегалци.