Нимиц утре се среќава со Аврамопулос во Атина

Медијаторот Метју Нимиц.

Медијаторот Метју Нимиц утре ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина. Средбата е закажана во 12 часот и 30 минути по локално време во кабинетот на Аврамопулос. Засега не се предвидени официјални изјави по средбата, ниту, пак, досега има најави за средби на Нимиц со други членови на грчкиот државен врв. По средбиде во Атина, Нимиц ќе допатува на средби со македонските претставници во Скопје.