Над 15 милијарди долари илегално изнесени од Хрватска

Во изминативе десет години од Хрватска илегално биле изнесени најмалку 15,2 милијарди долари. Ова, како што јави хрватската национална телевизија ХРТ, го тврдат финансиски експерти од американската невладина организација Глобал фајненшал интегрити. Станува збор за пари поврзани со корупција, организиран криминал, шверц, затајување данок и перење пари. Според Глобал фајненшл интегрити овие средства можело да останат во земјата доколку државните институции си ја вршеле подобро работата и ако постоела законската рамка, со која се регулира конфискувањето илегално заработени пари и спречување тие да бидат изнесени во странство.