Меси по четврти пат со „Златна топка“

Лионел Меси

Аргентинскиот интернационалец и член на шпанскиот гигант Барселона Лионел Меси по четрврти пат едно подруго ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во изминатата година. Тој зад себе ги остави неговиот соиграч Андрес Иниеста и напаѓачот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Во изборот кој заеднички го организираа ФИФА и „Франс Фудбал“ учествуваше и Македонија преку гласовите на селекторот Чедомир Јаневски и капитенот Горан Пандев кои петте поени ги доделија токму на Меси. Покрај добрите игри, Меси титулата ја доби и поради постигнувањето на 91 гол во годината и рушењето на 40 години стариот рекорд на Герд Милер. ФИФА го прогласи и тимот на годината: Икер Касилјас, Дани Алвеш, Серхио Рамос, Жерард Пике, Марсело, Чаби Алонсо, Чави Хернандез, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Радомел Фалкао и Кристијано Роналдо.