Обама ги номинираше првите луѓе на одбраната и на ЦИА

Обама со Хегел (лево) и Бренан

Американскиот претседател Барак Обама ги номинираше Чак Хегел за иден секретар за одбрана, а советникот за контратероризам на претседателот Џон Бренан за директор на ЦИА. Секретарите и највисоките претставници на администрацијата мора да бидат одобрени и од американскиот Сенат.
Хегел е ветеран од војната во Виетнам, познат по критиките спрема Израел и по неговата поддршка за напорите за дијалог со Иран.
Бренан, кој 25 години работи во ЦИА, играл битна улога во планирањето на акцијата во 2011 година, во која беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.