Николиќ и владата на заедничка седница за Косово

Српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ

Денеска во Белград ќе биде одржана заедничка седница на владата и на претседателот на Србија Томислав Николиќ за платформата за Косово. На состанокот државниот врв би требало да ги усвои клучните принципи на платформата, кои потоа владата како предлог резолуција ќе ги упати во српскиот парламент на усвојување.
Претседателот Николиќ вчера изјави дека кон платформата не треба да се пристапува со скепса, недоверба и автоцензура. „Тоа е она што Србија денес може да го оствари. Повеќе од тоа не може, но помалку од тоа не смее, ако имаме чест и достоинство“, рече Николиќ.