Пакистан протестира за престрелките со индиската војска на Кашмир

Индиски безбедносни пунктови на Кашмир.

Пакистанското министерство за надворешни работи упати официјален протест до Индија за, како што велат, неиспровоцираниот напад врз граничен пункт во спорниот регион Кашмир. Пакистанските и индиските војници вчера разменија оган на граничната линија и меѓусебно се обвинуваат за инцидентот. Исламабад соопшти дека еден пакистански војник загинал, а еден е ранет во престрелките. Индија и Пакистан водеа две војни за контрола врз Кашмир во изминативе децении.