Турција со големи планови за трговија со Африка

Реџеп Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција има за цел во 2015 година трговската размена со африканските земји да достигне 50 милијарди долари.
„Турција вложува големи напори за развојот на Африка, изјави синоќа Ердоган пред заминувањето во Габон, прва десетинација на неговата африканска турнеја“.
Трговската размена меѓу Турција и африканските змеји во 2003 година изнесуваше пет милијарди долари, а лани се зголеми на 17 милијарди долари.
Турција отвори амбасади во 19 африкански земји изминатите три години, со што бројот на турските дипломатски претставништва на континентот достигна 31.