Православните христијани го слават Божиќ

Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија. Денеска завршува 40-дневниот пост и денешниот ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.