Давутоглу - ОН да заземат јасен став по однос на Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад-во денешен говор во Дамаск само ги повторил празните ветувања и повика за брза транзиција во земјата.

„Неговите коментари се само повторување на она што постојано го говори. Тоа се истите ветувања, кои ни ги даваше досега. Со оглед на тоа што Асад повеќе ја нема власта дадена од сирискиот народ, неговите зборови ја загубија својата уверливост. Периодот на транзиција треба да заврши што е можно поскоро преку преговори со претставници на сирискиот народ“, рече Давутоглу.

Тој истакна дека Обединетите нации треба да заземат јасен став во однос на Сирија и да испратат порака до Асад да не го спречува доставувањето хуманитарна помош за Сиријците.

„Откако стана јасно дека Асад нема да направи ништо ново, Советот за безбедност на ОН треба да го заземе својот став во однос на Сирија“, рече шефот на турската дипломатија.