Путин му го предаде руското државјанство на Депардје

Рускиот претседател Владимир Путин лично му го предаде руското државјанство на францускиот актер Жерар Депардје во градот Сочи на Црното Море, објавија руските медиуми. Депардје е вклучен во жесток спор за плаќањето даноци со француските власти. Поранешната француска актерка и активистка за правата на животните Брижит Бардо во четвртокот се закани дека ќе му се придружи на Депардје во егзил во Русија ако Франција не ја откаже закажаната еутаназија на два болни циркуски слона.