Временска прогноза - Температура до шест степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. На повисоките места и на планините ќе провејува слаб снег. Ќе дува силен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.

Температурата ќе се движи од минус три до шест степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до четири степени.