Состојбата на ирачкиот претседател подобра

Ирачкиот претседател Џалал Талабани.

Состојбата на ирачкиот претседател Џалал Талабани е подобра и тој добро реагира на третманот во Германија откако доживеа мозочен удар, соопштуваат од Канцеларијата на болниот претседател на Ирак.

Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на Талабани е „смирувачка“ Талабани кој има 79 години беше пренесен во Германија на третман пред повеќе од две недели.

Вчера во францускиот весник „Фигаро“, беше цитиран курдски политички извор кој тврди дека претседателот е „клинички мртов“. Од кабинетот на Талабани соопштија дека извештајот е „целосно неоснован“.

Ирачкиот претседател има главно церемонијална улога. Но, болеста на претседателот може да придонесе до неизвесност на политичката иднина на земјата, затоа што расте отпорот во сунитските области против владата предводена од шиитите.