Девет полицајци повредени во немирите во Белфаст

Архивска фотографија-протести во Белфаст.

Најмалку девет полицајци се повредени во Северна Ирска поради одлуката британското знаме да биде истакнато на градското собрание во Белфаст само за време на државните празници. Бранот насилства започна во понеделникот кога градските советници изгласаа знамето да се тргне, а тоа предизвика револт кај британските лојалисти. Демонстрантите фрлале со цигли и молотови коктели кон полицијата, по што се судриле со неа. Демонстрантите бараат британското знаме да биде закачено на градското собрание преку целата година. Британско знаме неприкинато се вијори на собранието од 1906-та година.