„Самоопределување“ најави протести на Божиќ

Прослава на Божиќ во Приштина

Движењето „Самоопределување“ в понеделник, на православниот празник Божиќ, ќе одржи протест во Дечани и ќе го блокира влезот во манастирот Високи Дечани, најави извршниот секретар на косовското движење Дардан Молиќај. Повод за организирање на протестот е одлуката на Врховниот суд на Косово, со која 20-те хектари земјиште, кои во 1997 година тогашната српска влада им ги подари на манастирот, му припаѓаат на овој верски храм, а исто така и да им е оневозможена посета на српските функционери по повод празникот.

Вториот човек на „Самоопределување“ и потпретседател на косовскиот Парламент Глауф Коњуфца изјави дека евентуалното потпишување на „мировен договор меѓу Косово и Србија ќе создаде услови за регионален судир“. Тој додаде дека без измени во Уставот на Србија и повлекување на паралелните структури од Косово не може да има мировни однос со Белград.