Обама - САД не можат да си дозволат дополнителни буџетски пресметки

Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека САД не можат да си дозволат дополнителни буџетски пресметки, по неодамнешната борба во Конгресот да се спречи „фискалната бездна. Обама рече дека законoт што тој го потпиш во четвртокот е само еден чекор кон решавање на фискалните и економските проблеми на земјата. Неговата загриженост е поради тоа што декомкратите и републиканците во Конгресот се подготвуваат за нова битка за границата на задолженост на земјата која сега е поставена на 16,4 билиони долари. Конгресот има околу два месеци да го подигне горното ниво за задолжување.