Почина поранешниот југословенскиот премиер Жижиќ

Поранешниот истакнат црногорски политичар и премиер на поранешна Сојузна Република Југославија Зоран Жижиќ починал синоќа во Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми. Жижиќ починал на 62-година возраст по операција во Клиничкиот центар Црна гора. Тој беше сојузен премиер од ноември 2000 до јули 2001. Од функцијата си замина поради одлуката на властите во Белград да го предадат поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на судот во Хаг.