Чавез може да биде претседател и без заклетва

Претседателот на Венецуела Уго Чавез.

Потпретседател на Венецуела изјави дека Уго Чавез може да продолжи да ја врши функцијата претседател дури и ако не е во можност да положи заклетва за нов мандат на 10 јануари поради неговата болест. Чавез се опорава од операцијата од рак во Куба.

Заменик претседателот Никола Мадуро изјави дека Уставот дозволува претседателот подоцна да биде инаугуриран за нов мандат од страна на Врховниот суд. Мадуро го отфрли ставот на опозицијата дека претседателот на националното собрание привремено мора да ја преземе претседателската функција во случај ако Чавез не биде инаугуриран на 10 јануари.

Чавез не се појавува во јавност, бидејќи беше подложен на операција на 11 декември. Владата на Венецуела во четвртокот соопшти дека претседателот има и „тешка“ респираторна инфекција.