Уго Чавез има респираторна инфекција

Уго Чавез

Владата на Венецуела соопшти дека претседателот Уго Чавез страда од респираторна инфекција по операцијата на рак во Куба. Според министерот за информации Ернесто Вилегас, претседателот Чавез е под стриктен медицински режим.
Во изјавата се наведува и дека странски медиуми водат психолошка војна со цел да ја дестабилизраат Венецуела.
Чавез не е појавен во јавноста од операцијата на 11 декември. Не е јасно дали тој ќе биде доволно здрав да се врати во земјата за да ја превземе функцијата на 10 јануари согласно новиот мандат.