Израелски ракописи стари илјада години пронајдени во Авганистан

Израелската национална библиотека претстави збирка од антички ракописи за кои се верува дека потекнуваат од еврејска заедница од Авганистан. Според податоците на Библиотеката, дел од ракописите се стари и над илјада години и биле сочувани во пештери во северниот дел на Авганистан. На промоцијата не беше соопштено како библиотекта дошла до тие ракописи ниту како се појавија такви документи од Авганистан. Итражувачите велат дека ракописите се доказ дека еврејката заедница се развивала и во таа област пред илјада години. Документите вклучуваат списи пишувани на хебрејски, арамејски, арапски и персиски.