Клинтон следната недела се враќа на работа

Американскиот Стејт Департмент соопшти дрека државниот секратар Хилари Клинтон ќе се врати следната недела на работа откако вчера беше пуштена од болницата во Њујорк. Портпаролката Викторија Нуланд изјави дека Клинтон деновиве се одмара во својот дом, и се подготвува да се врати следната недела на работа. Клинтон заврши во болница поради тромб, кој се наоѓал меѓу нејзиниот мозок и череп.