Собрание - Законите мора да се применуваат

Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ поддржан од неговите колеги од опозицијата, дава изјава за медиумите пред Собранието на 23 декември 2012 година.

Законите треба да се применуваат без притоа политички да се конотираат, независно дали се работи за законско редуцирање на платата за време на неучество во работата на Парламентот - бојкот или за кое било друго прашање во државата, реагира Собранието на соопштението на СДСМ во врска со кратењето на платите на пратениците што ја бојкотираат работата на парламентот.

„Независно дали се работи за плата на државен службеник, фармацевт, градежен работник, занаетчија или, пак, пратеник, законите мора да се применуваат доследно. Кон ниту едно законско решение не смее да се има селективен или, пак, привилегиран пристап. Речиси никаде во светот, бојкотот на законодавен дом не се одобрува и применува, освен кај нас и во уште некоја балканска држава“, се наведува во реакцијата.